СДСМ: Груевски ќе одговара за сите злодела

by fokus

Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата и дека „за сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност“, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата е дел од започнатите демократски процеси во Македонија. Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтирање политички судски процеси. Фатен е во лаги на граѓаните за жолти комбиња, клонирани станици и наводни странски служби. Фатен е во скандалот со нелегалното прислушување, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков“, се вели во реакцијата.

Судството, вели СДСМ, ќе биде независно. Мандатот на СЈО ќе биде продолжен.

„Заврши времето за политичари како Груевски“, велат социјалдемократите.

Поврзани новости