422
По вчера донесената пресуда за случајот „Диво Насеље“, денеска во Приштина се одржа протест. Оние кои протестираа се незадоволни од висината на казните.
Протестот беше под големо полициско обезбедување, а откако косовската полиција не им дозволи на демонстрантите да се приближат кон македонската амбасада, тие се упатија кон косовската влада.
Таму се појави премиерот Рамуш Харадинај кој им порача дека е подготвен да помогне, односно дека би било добро за случајот „Диво насеље“ да има меѓународна истрага.