Протести во Бразил-обвинувања до власта за пола милион починати од ковид

by fokus

Илјадници граѓани на Бразил во сабота излегоа на улиците обвинувајќи го претседателот Жаир Болсонаро и владата поради неефикасно справување со ковид-кризата, особено поради бавната набавка на вакцини и сомнежите во оправданоста на носењето на маски.

Бразил вчера ја надмина бројката од пола милион починати од ковид-19 и се искачи на второто место во светот по бројот на починати од оваа болест, веднаш после САД.

Според податоците на бразилското министерство за здравство, само 11 отсто од граѓаните на Бразил се целосно вакцинирани, а 29 отсто добиле прва доза.

-Протестираме против геноцидната влада на Болсонаро која не купи вакцини ниту направи било што за своите граѓани, изјави еден од демонстрантите.

Протести се одржаа во најмалку 44 бразилски градови, а демонстрантите обвинуваа дека половина милион умрени од ковид – 19 е еден вид на геноцид кој бразилската влада го спровела над своите граѓани и побараа претседателот да си оди од функцијата.

Поврзани новости