Протести против поскапувањето на струјата, се бара распуштање на Регулаторна

by Фокус

Серија протести против поскапувањето на струјата денеска се одржуваат низ повеќе места во Македонија.

Протестните маршови се одржаа во паркот во Чаир, плоштадот Илирија во Тетово, како и пред објектот на општина Куманово.

Организаторите на протестите посочуваат дека тие се организираат како реакција на поскапувањето на струјата.

Притоа, тие бараат поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика.

Според нив, потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.

Поврзани новости