Протести на 22 декември против законските измени за плаќање на придонесите на хонорарците

by Фокус

На само неколку дена пред да стапат на сила законските измени за плаќање на придонесите на хонорараците, се организираат протести кои се закажани за наредниот понеделник на 22 декември. Протестот ќе почне од Собрание, а ќе продолжи кон Министерство за труд и социјала и ќе заврши пред Владата.

Дел од синдикатите бараат да се стопира примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор за нивна измена и повлекување, потоа  преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување и да се укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите на плата од шест просечни плати.

Поврзани новости