Промоција на поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала

by Фокус

Во четврток, на 18 декември во МКЦ Клуб ресторан ќе биде промовирана поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала заедно со Мирослав Стојановиќ – Шуки како дел од проектот „Криптохроматик“, во издание на „Блесок“.

Пресуда“ е поетско остварување на Џабир Дерала во издание на „Блесок“, едиција „Бореа“. Се работи за поема која авторот Дерала ја пишува цели две години и тоа во 1991-1992 година, додека финалниот облик ѝ го дава во 2014 година. Поемата е објавена во книга од 80 страници, илустрирана со слики и цртежи на мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ – Шуки.

Поврзани новости