Протестен марш на жените на СДСМ

by Фокус

Форумот на жени на СДСМ  денеска во Охрид по повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март организира традиционален марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“.

Маршот почнува во 12 часот, од Спортскиот центар Билјанини извори, продолжува по булеварот Туристичка, низ Чаршија и завршува на плоштадот во близина на пристаништето во Охрид.

По завршување на маршот, пред присутните ќе се обратат лидерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска.

Поврзани новости