СДСМ: Хаосот во Избирачкиот список е заслуга на ВМРО ДПМНЕ

by Фокус 11:37
11:37

Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции. Jавноста секојдневно се запознава со хаотичниот Избирачки список. Само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат и по 100-тина, па дури и повеќе лица, реагира опозицискиот СДСМ.

Во нивното соопштение се наведени неколку карактеристични примери. На една адреса во Скопје се запишани 112 лица, а на друга 66 на трета 33 лица. На една адреса во Ресен се запишани 34, на друга, 24, на трета 8 лица.

- Advertising -

Според СДСМ големиот број на лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека планот за изборна измама бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја повикуваме Државната изборна комисија што побрзо да даде инструкции а граѓаните да го искористат своето законско право да пријават неправилности, но да доставуваат информации и до МВР, за да се покренат соодветни постапки. Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите. Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија, велат од СДСМ.

Поврзани новости