Меџити: Направена е цела зоолошка, зошто да нема двоглав орел?

by Фокус

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, од редовите на ДУИ, во интервју за Радио Слободна Европа ги кометираше актуелните настани кои предизвикаа меѓуетнички тензии и го брани ставот дека поставувањето на двоглавиот опрел не може да биде причина за нередите во Бутел.

“Овој симбол не е донесен за инает кон другите, туку за вреднување на симболот на Албанците и се базира на одлука донесена од програмата во 2012-та, а како посебна одлука во 2015 година, почитувајќи го принципот на Бадентер. Второ, ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај. Не може да се поставува таква паралела и квантитативно ако се гледа, бидејќи се поставени стотина споменици од другата страна, каде реално еден Македонец и не ги познава повеќето од нив кои се и што се. А во Чаир во овие десет години ги поставивме Скендер-бег, Хасан Приштина и двоглавиот орел. Ни квалитативно, ни квантитативно не може да се воспостави таква паралела или да биде претекст за поставување крст. И во однос на крстот, и да беше одговор на двоглавиот орел, логично беше таму да се постави лав или некој етнички симбол на Македонците. Наш став е дека не смеат да се злоупотребуваат верските симболи за дневна политика“-  вели Меџити во интервјуто за РСЕ.

Поврзани новости