„На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата. Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано.
Нашите ултимативни барања не беа исполнети. Тврдина на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана. Груевски се плаши од затворот што го чека! Како граѓани имаме обврска да го спасиме СЈО од прангите на криминалците на власт!
Иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце. Институциите што треба да не’ бранат нас граѓаните всушност ги бранат само криминалите на владеачката партија. Не може да има правда во државата, кога режимот врши прогон врз оние кои се борат за слобода, правда и еднаквост.
Да потсетиме кој му даде право на Иванов да помилува криминалци сега истиот тој партизиран Уставен суд повторно се заканува на СЈО!
Доста беше драги сограѓани, на Груевски му е дојден крајот! Потребно е уште малку да го притиснеме! Да бидеме сплотени и здружени како никогаш порано! Да му ставиме крај на ова црно зло што ни ја уништува државата! Граѓаните доаѓаат правдата и демократијата да ја земат во своите раце! Смрт за фашизмот, слобода на народот“, велат од Шарената револуција во најавата.