Протест во Ново Село за слобода за Чавков

by fokus

Вечерва, во Ново Село, Струмица, се оддржа протест за поддршка на Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Граѓаните кои протестираа во рацете носеа пароли „Слобода за Митко Чавков“, реагирајќи на затворската казна од 18 години, која му беше досудена како обвинет во случајот „27 април“.

Од 16 обвинети, само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда. Останатите имаат право на жалба до Апелациониот суд, а во меѓувреме ќе се жалат и на притворот кој им беше одреден веднаш по соопштувањето на првостепената пресуда.

 

Поврзани новости