Протестот во Србија заврши со ултиматум да бидат ослободени сите уапсени

by fokus

Граѓаните кои се наоѓаа пред зградата на полициската станица „29 ноември“ во Белград си заминаа вечерва околу 18 часот, откако еден од организаторите на протестите, Бошко Обрадовиќ и даде на полицијата рок до утре, до 15 часот, да бидат ослободени сите уапсени поради упадот во зградата на Радио Телевизија Србија (РТС).

Камионот од кој говорниците се обраќаа, исто така ја напушти улицата.

Демонстрантите претходно денеска протестираа пред зградата на Претседателството, додека српскиот претседател, Александар Вучиќ беше во неговиот кабинет.

Поврзани новости