368
„Убијци, убијци“ извикуваат неколку стотина граѓани пред Владата, откако се собраа денеска на протести по објавената 29-та „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, каде што тој ја обелодени целата вистина за убиството на младиот Мартин Нешкоски на прославата за победата на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта на 5-ти јуни.
Демонстрантите се пред вратата на владата, а се повеќе луѓе влегуваат во дворот на владата, која ја брани кордон од специјалци.
Инцидентот беше предизвикан откако 4-5 полицајци се нафрлија врз братот на Мартин Нешковски, Александар, кој сакаше да влезе внатре и да разговара со некој од владата, но беше спречен.