Протест пред Собрание: Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име

by fokus

Дојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штип преку кој не ќе смее да помине и нема да помине никакво преименување, никакво прекрстување, никакво обезличување. Зашто преименувањето води кон големо ништо. Да направиме жив штити за името, за идентитетот, кој од колено до колено се предава на генерации“, порачаа учесниците на вечерашниот протест пред Собранието за „одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на македонската нација и за ослободување на неправедно притворените и обвинетите за настаните на 27 април 2017 година“, во организација на Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија, објави Макфакс.

Тие порачаа дека ова е последно предупредување пред организирање граѓанска непослушност, поради притворањето на обвинетите за настаните од 27 април.

„Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име, од кое уште се плашат како од чума“, порачаа учесниците на протестот.

Поврзани новости