Запрен 31 урбанистички план во Центар

by fokus

Запрени се 31 детален урбанистички план во Општина Центар. Советот со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување ДУП-овите со времетраењето на мораториумот од два месеци, информираат од општината.

-Разгледувањето на овие Детални урбанистички планови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео презентација. Планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид, посочуваат од Општина Центар.

Поврзани новости