Протест пред домот на премиерот: „Ука, бука, оди си Никола“

by Фокус

Неколку илјади граѓани протестираат низ центарот на Скопје и бараат оставка од премиерот Никола Груевски. Протестниот марш започна пред Владата, а во моментот демонстрантите пристигнуваат пред домот на премиерот.

Граѓаните кои протестираат со себе носат  тенџериња, тањири, лажици и тапани со кои создаваат врева, за, како што велат тие, Никола Груевски да разбере дека треба да си замине од премиерската функција. Се извикуваат пароли како „Нема правда, нема мир“ и „Оставка“.

Протестот е во организација на  движењето „Граѓаните за Македонија“ и е насловен „Ука, бука, оди си Никола“.

Поврзани новости