Владата се оградува со ограда од ковано железо

by Фокус

Околу задниот дел на Владата забрзано се поставува ограда од ковано железо и бетонски столбови, пренесува порталот A1 ОН. Ова е првпат владиниот објект кој откако е изграден е отворен, сега да се оградува.

Според планот на сегашната власт, новиот  барокно-неокласичен изглед на владината зграда ќе се финишра со поставување на ваква ограда околу целиот објект, со што целиот ќе биде затворен.

Поставувањето на оградата од ковано железо околу Владата чини 700.000 евра, а проектот го гради скопската градежна компанија Бауер БГ. Оваа компанија е ангажирана на повеќе проекти финансирани од државата, меѓу кои и реконструцијата на фасадата на Владата и новата ограда на мостот Гоце Делчев.

Поврзани новости