Протест за поддршка на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан денеска пак се одржа во Скопје. Со паролите “СЈО е еднакво на СДСМ” и “Нападот врз Сеад е напад врз БошњацитеЌ, вработените во фирмите на Кочан бараа судот да се откаже од неговото гонење.
Одлуката за притвор ја толкуваат како политички мотивирана, бидејќи според нив, ниту државата ниту некое претпријатие се оштетени од тендерот од 17 милиони евра, за кој СЈО го гони Кочан.
Од здружението на Бошњаците не дадоа конкретен одговор зошто оваа состојба ја гледаат како напад врз целата бошњачка заедница. Вработените во фирмите на Кочан рекоа дека нема да се откажат од протестот, се додека судот не ја промени одлуката.
За поддршка на Кочан протестираа и вработените во телевизија Нова. Тие исто така сметаат дека одлуката на судот е политички мотивирана и на неа гледаат како напад врз медиумите.
Бизнисменот пак, според обвинението од СЈО, се гони за местење тендер од ЕЛЕМ со фалсификувани документи, во вредност од 17 милиони евра. По Кочан се трага веќе една недела со меѓународна потерница, но органите на прогонот не можат да ми влезат во трага.