Хан: Политичарите се коцкаат со иднината на Македонија

by fokus

Препораката за Македонија за членството во ЕУ најмногу ќе зависи од следните чекори на политичките партии, порача еврокомесарот Јоханес Хан во интевју за Дојче Веле и апелираше за мирно и демократско предавање на власта во земјава.

Хан вели дека токму од ова зависи ЕУ перспективата на државата и спроведување на договорените реформи.

-Седумдесет и пет проценти од граѓаните во Македонија посакуваат членство во ЕУ. Тоа е добар совет за политичарите дека треба нешто да направат што ќе му помогне на тој процес. И тоа е мојот лост: ако не направите нешто, нема позитивна препорака. Земјата заслужи пофалби за спроведувањето на изборите. Доколку тоа сега го прокоцкаат, тогаш ќе се прокоцка многу. Но, ако сега го спроведат тоа, тогаш ќе го стават европското семејство под притисок и тоа да испорача- порача Хан.

Еврокомесарот го оценува мешањето на албанскиот премиер Рди Рама како контрапродуктивно и ја обвинува Русија дека „додава масло на огнот“ во нестабилната состојба во регионот.

Поврзани новости