Протестот е закажан во 16:00 часот, со најава дека жителите ќе ја блокираат улицата во револт поради загрозената безбедност.

-За првиот протест најавено е двочасовно блокирање на сообраќајот. Доколку нашите барања не се исполнат во најбрз можен рок, протестите ќе продолжат со 24 часовно блокирање на улицата сè додека не се реши проблемот со дивеењето и брзото возење. Напомена за присутните, да се држиме до мерките и протоколите со цел да се заштитиме себеси и останатите, стои во повикот за протестот.

Претходно, жителите на оваа скопска општина протестираа поради градењето на згради во месноста „Јурија“.