Царовска: Новата платформа можност за модернизација на образованието

by Fokus

Платформата за онлајн следење на наставата е можност за продолжување на образовниот процес во време на пандемијата, но и исчекор кон модернизација на образованието, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска за време на прес конференцијата по повод претставувањето на новата дигитална платформа за онлајн образование.

-Верувам дека кризата е можност забрзано да работиме на новите алатки, методи и пристапи во образованието, а со тоа да го подготвиме системот и учениците за иднинатамоделот кој го избравме е баланс помеѓу доброто образование и заштитата на јавното здравје, рече Царовска.

Министерката додаде дека платформата е мошне ефикасна и едноставна за сите коишто ќе ја користат.

Поврзани новости