Протест на граѓаните во Автокоманда

by Fokus

Жителите од скопската населба Aвтокоманда, попладнево излегоа на протест, незадоволни што досегашното железарско парно, со кое имаа греење 24 часа, е префрлено на ЕСМ снабдување. Велат дека се префрлени на друг снабдувач на топлинска енергија без да бидат прашани.

Од ЕСМ потврдија дека од денеска жителите на Автокоманда се потрошувачи на ЕСМ снабдување, исто како и со останатите топлани, и овие потрошувачи ќе бидат преземени од ЕСМ енергетика. Тие понатаму ќе добиваат фактури од ЕСМ снабдување, за што ќе треба да склучат договор со новиот снабдувач.

На покана на граѓаните се приклучи и обрати градоначалникот Бобан Стефковски.

-Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања. Вечерва на повик на граѓаните се приклучив на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда. Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците. Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда, напиша Стефковски на Фејсбук.

Фото: Томислав Георгиев

 

Поврзани новости