Протест на едни, контрапротест на други студенти

by Фокус

Членовите на Студентскиот пленум, кој од утрово протестираат пред Ректоратот на УКИМ поради дрвосечата за да се изградатат објекти на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инжинерство и на Факултетот за физичка култура, ги повикаа студентните и граѓаните да им се придружат бидејќи им се случува контрапротест на професори и студенти токму од овие факултети.

Инаку, студентите протестираа поради тоа што не биле консултирани за изградба на новите објекти во дворот на УКИМ и побараа оставка од ректорот Велимир Стојковски поради тоа што дозволил да биде нарушена автономијата на Универзитетот.

Контрапротестантите веќе стасаа на лице место, па дури и почнаа да садат дрва, за да покажат дека не се против дрвата, туку само за изградба на нови објекти за нивните факултети.

sadenje drva ukim

Поврзани новости