Протекуваат снимки од истрагата за „Пуч“ во јавност, обвинителството на потег

by Фокус

Телевизијата „Сител“, пред малку објави видео снимка, на која разговараат премиерот Никола Груевски и Зоран Заев, а според телевизијата, на видеото Заев истакнал дека снимките, за кои тој тврди дека го докажуваат криминалот на владејачката структура, ги добил од странски служби.

По објавувањето на снимката во јавност, останува нејасно од каде телевизијата ги добила, бидејќи во тек е истрагата за акцијата „Пуч“? Нивното објаснување е дека снимката ја виделе на Youtube, па затоа уште повеќе станува нејасно што бара доказен материјал на Youtube?

Според Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, обвинителството веднаш треба да се изјасни.

-Прво, мора да се одговори на прашањето дали овие снимки се дел од доказниот материјал за акцијата „Пуч“ и ако се, кој дозволил во овој момент да се објават јавно? Обвинителството веднаш треба да одговори дали му дозволило на Министерството за внатрешни работи да ги раздава истите низ медиуми, бидејќи според новиот Закон за кривична постапка, МВР постапува според наредбите на обвинителството“, вели Пировска.

Поврзани новости