Дилема по објавените видеа, дали Заев бил под ПИМ-мерки или незаконски бил прислушуван и снимен?

by Фокус 21:20
21:20

Откако во јавност протекоа снимки од разговор меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во кои наводно Заев му вели на Груевски дека доказите против него ги добил од странски служби, правниците велат дека надлежните треба да одговорат кој ги направил и објавил видеата.

-Доколку видеата се снимени со употреба на посебни истражни мерки, односно доколку во тоа време, со наредба на судот, Заев бил следен и прислушуван, во никој случај не смееше да излезат во јавност, бидејќи истрагата се уште трае. Доколку, пак, во тој период Заев не бил под ПИМ –мерки, тогаш тоа значи дека незаконски бил снимен и прислушуван, коментираат познавачите, кои додаваат дека обвинителството мора да се произнесе.

- Advertisements -

Првото видео го објави телевизија „Сител“, а потоа се појави уште едно видео на интернет порталите. Медиумите се одбранија дека видеата ги презеле од Youtube, поради што се чека одговор од надлежните, МВР и обвинителството, да појаснат како видеата се нашле таму.

Поврзани новости