Илиевски: Верушевски вели вистината ќе излезе на виделина, ако не му се случи она што му се случи на Никола Младенов

by Фокус

Адвокатот Ангеле Илиевски денеска се видел со својот клинет Зоран Верушевски, првосомничен во аферата „Пуч“, кој бил многу лут и разочаран бидејќи неговата сопруга Соња добила 30-дневен притвор, иако според него таа немала никаква вмешаност во аферата, пренесува „24Вести“. Тој тврдел дека вистината ќе ја истера на виделина.

– Верушевски беше многу вознемирен и лут и рече дека вистината ќе ја истера на виделина пред целата македонска јавност, ако не му се случи, она што му се случи на Никола Младенов. Ме замоли мене ова да и го соопштам на јавноста – истакна неговиот адвокат Илиевски во изјава за „24Вести“

Во акцијата „Пуч“ освен Верушевски, осомничени се неговата сопруга, функционер од општина Струмица и како четвртоосомничен е лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Сите добија 30-дневен притвор, освен Заев на кој му е одземен само пасошот.

Поврзани новости