375
Во сите основни и средни училишта денеска се истакнати резултатите од екстерото тестирање, по чија обработка е констатирана просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3,26, соопшти Државниот испитен центар.
– Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26 јуни, а заклучно со 30 јуни ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија. При поднесување на приговорот ученикот има право на увид во тестот, се вели во соопштението од ДИЦ.
Минатата година просечната оценка на постигнувањата беше 3,6.