Попоски: Мора да соработуваме со Грција за да ги надминеме споровите и блокадите

by Фокус

Далеку сме од решение за спорот, да нема илузии дека само што не сме го решиле, бидејќи на тоа поле имаме веројатно повеќе работи за кои имаме разлики, отколку такви за кои сме согласни.

Ова во интервју за Фактор го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски по посетата на неговиот грчки колега Никос Коѕиас, која резултираше со утврдување на конкретни мерки за соработка во 11 области, со цел градење на доверба меѓу двете соседни земји како предуслов за решавање на спорот за името.

– Реално, ако сега не работиме на придвижување на практичната соработка и комуникација, тогаш е извесно дека односите ке ни стагнираат. Мора да соработуваме колку може повеќе за да може еден ден да ги надминеме споровите и блокадите. Тоа треба да ни е целта  – вели Попоски.

Поврзани новости