ЛДП: Груевски манипулира со планот за европска интеграција

by Фокус

Премиерот Никола Груевски повторно се обидува најдрско и лицемерно да ја манипулира македонската јавност и меѓународната заедница, најавувајќи „План за нови реформи за европска интеграција на РМ“, што е уште една негова срамна и патолошка реакција на крајно сериозниот извештај на Рејнхард Прибе, соопштија од опозицискиот ЛДП.

„Човекот кој ја има најголемата заслуга што Македонија денес се соочува со срамно губење на препораката за членство во ЕУ, сето тоа поради неговата желба суверено и криминално, без право и правда, да владее со Македонија и нејзините граѓани, денес ја засмејува јавноста со неговите изјави дека ќе се бори против сите работи коишто тој ги инсталира во државата и служат како единствен извор на неговата моќ“, стои во соопштението на либералдемократите.

Поврзани новости