Пропадна истрагата за „Делчевски ниви“, сведоците ги смениле исказите

by Fokus

Обвинителството ја запре истрагата за случајот „Делчевски ниви“, кој се однесува за препродажбата на ниви во источниот дел од земјава, каде што физички лица прво купиле или добиле на подарок ниви, за само по неколку дена да ги продадат и за 40 пати над пазарната вредност на компанијата „ЕВН електрани“.

Причината за запирање на истрагата е што одредени сведоци кои првично дале исказ дека осомничените ѝ направиле штета на компанијата, сега го смениле исказот.

Во овој случај беа осомничени седум лица. Меѓу нив и двајца поранешни управители на „ЕВН електрани“: поранешниот претседател на младината на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и партиски функционер, Игор Гиевски, како и Мирослав Митровски, син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски. Уште еден од осомничените имаше директна врска со партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости