Поставена ограда околу ГТЦ, започнува барокизацијата?

by fokus

Околу Градскиот трговски центар вечерва беше поставена ограда, односно тараби кои се поставуваат при изградба или при поставување на барокни фасади, како што и досега правеше Владата.

Тарабите се поставени од страната на паркот Жена-борец, во должина речиси до Триумфалната порта. На нив нема никаква ознака кој ги поставил, ниту со која цел.

Владата донесе одлука за поставување на барокна фасада на ГТЦ, а одлуката беше објавена во Службен весник на 3-ти јули годинава, и покрај сите негодувања од организации и граѓани.

Поврзани новости