Пронајдено тело на маж во бездна во Желино

by fokus

На патот за селото Стримница, општина Желино, кај место викано “Ледина“, вчера било пронајдено тело на непознато машко лице. Од извршениот увид на местото јавен обвинител и лекар од Судска медицина констатирале дека се работи за човек на возраст од околу 40 години.

Телото е пронајдено во бездна покрај локалниот пат с.Желино-с.Стримница. Од страна на лекар од Судска медицина во Клиничкиот Центар во Тетово бил извршен надворешен преглед врз телото на починатиот, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

 

Поврзани новости