Поранешен хигиеничар затепал директор на основно училиште во Куманово затоа што не го вратил на работа

by fokus 13:25
13:25

Поранешен хигиеничар во основното училиште „Бајрам Шабани“ го нападнал директорот на училиштето во својата канцеларија, затоа што не го вратил на работното место откако претходно дал отказ. Полицијата покрена кривична пријава против 48-годишниот Е.Н. за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавениот работел како хигиеничар во училиштето до април 2017 година кога самиот дал отказ. Кратко потоа повторно сакал да се врати на работа, но директорот на наведеното училиште Г.Р.(49) од Куманово, не бил во можност да го врати на работно место.

- Advertising -
"

„Од тогаш започнал револт на пријавениот према Г.Р. по што на 29.11.2017 година, околу 11,00 часот, пријавениот заедно со неговиот син дошол во горенаведеното училиште, влегле во канцеларијата на Г.Р. и по кратка вербална расправија почнал да го удира со тупаници во предел на глава и тело при што му нанел телесни повреди“, велат од полицијата.

Поврзани новости