Пронајдено оружје и фалсификувани пари, поведена е истрага против тетовец

by Fokus

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 и Фалсификување пари од член 261 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел автоматска пушка и две рамки со 12 куршуми со калибар 7,62мм.

При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и фалсификувани парични средства во вкупен износ од 4.020 евра и 300 франци, кои осомничениот ги фалсификувал со намера да ги пушти во оптек.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Поврзани новости