Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ

by vlatko 20:40
20:40

Црна Гора денеска затвори уште две поглавја во преговорите за членство во Европската Унија, кои се однесуваат на слободното движење на стоки и на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика.

-Секоја реформа бара голема посветеност, а резултатите се тука. Нашиот фокус останува непроменет – владеење на правото, силни институции и подобар животен стандард за граѓаните. Ќе продолжиме напорно да работиме во наредните недели за да ги затвориме сите поглавја до крајот на годината, со цел договорот за пристапување да биде потпишан во јуни и да ја оствариме историската цел за полноправно членство на Црна Гора во ЕУ во 2028 година – изјави црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Во врска со односите со Хрватска, Спајиќ изјави дека ќе направи сè за сите отворени прашања да бидат решени на европски начин.

Слични вести