Од страна на тим нуркачи од Единицата за специјални задачи било извршено пребарување во браната „Калиманци“ при што на длабочина од 18 метри е пронајдено патничко возило.
На 24.04.2018 година во 13.00 часот во Полициската станица Виница, М.Н. (44) од Виница пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 23.04.2018 до 11.00 часот на 24.04.2018 година од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Аudi Q7“ со швајцарска национална ознака, кое било паркирано на ул. „Ангел Винички“ во Виница.
Истиот ден во 18.30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Б.М. (39) од Македонска Каменица пријавил дека во близина на „Рибнички мост“ на место викано „Буришјето“, атар на с.Илиово, делчевско, на земјениот пат забележал траги од возило кои воделе кон браната „Калиманци“. Полициски службеници излегле на лице место при што биле пронајдени две пластики кои припаѓале на патничко возило „Аudi Q7“.