ВМРО-ДПМНЕ во знак на солидарност со невладините ја напушти Комисијата за економија

by fokus

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја напуштија Комисијата за економија поради невладините организации и медиумите кои јавно кажаа дека биле под притисок на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

-Иден творец на овој закон е вицепремиерот Анѓушев и ја користиме оваа прилика да упатиме апел до владините функционери да престанат со заканите и цензурата кон новинарите и граѓанскиот сектор. Ја напуштаме оваа комисија и бараме од високите владини функционери да понесат морална и политичка одговорност, рече Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред да ја напуштат седницата пратениците на ВМРО ДПМНЕ обвинија дека новиот закон за енергетика намерно е направен хаотично за да се прикријат бизнис интересите на Владата.

Поврзани новости