368
Седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години се пронајдени од полицијата при преглед на патничко моторно возило управувано од гевгеличанец утринава во селото Прдејци.
Како што информира МВР, утринава во 2:30 часот од страна на патрола од Граничен премин Богородица, во село Прдејци било сопрено патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со велешки регистарски ознаки управувано од Р.М. (47) од Гевгелија.
При преглед во возилото, биле пронајдени седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години. Мигрантите и возачот се приведени за понатамошна постапка.