Жител на Арачиново физички нападнал две лица додека поправале автобус во Стајковци

by Fokus

Жител на Арачиново физички нападнал две лица кои поправале автобус во центарот на селото Стајковци. Против напаѓачот е поднесен соодветен поднесок.

„Во Полициска станица Гази Баба вчера И.И.(40) од село Црешево пријавил дека околу 07.35 часот во центарот на село Стајковци додека го поправал автобусот, дошло патничко моторно возило “Туарег” со скопски регистарски ознаки од каде излегло лицето Љ.Р.(35) од село Арачиново, кој физички го нападнал пријавителот. Љ.Р. исто така физички го нападнал и колегата на И.И., лицето И.В. Излезено е на местото на настанот и поднесен е соодветен поднесок против напаѓачот.“

Поврзани новости