Пронајдени четири килограми марихуана кај тетовец

by fokus

Во стан во Тетово каде што 32-годишниот А.Г. живеел како потстанат, полицијата пронајде марихуана со тежина од околу четири килограми. Претресот, велат од МВР, е извршени по добиени опративни сознанија и по добиена наредба од Основен Суд Тетово.

Дрогата била била сокриена во различни делови од станот – во пластично буре, стаклена тегла, најлонско ќесе и во две зипер кеси, во кујната, ходникот и спалната соба.

Пронајдените  предмети, заедно со дрогата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени и предадени на вештачење. А.Г. бил приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Поврзани новости