Пратениците и денеска на работа

by fokus 10:56
10:56

Собранието и денеска ќе заседава за одлука што ја донесе Владата на вчерашната седница за прераспределба на средства од буџетот од ставки каде што е забележана побавна реализација до ставки каде треба да се исплатат достасани обврски.

На пленарна седница ќе се разгледува предлог на владината одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

- Advertisements -

Станува збор за 26.782.000 евра кои што треба да се распределата така што ќе се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.

Поврзани новости