Пронајдени 14 мигранти во возило на автопатот Гевгелија-Демир Капија

by fokus 11:38
11:38

Полицијата синоќа пронашла 14 мигранти при контрола на возило на автопатот Гевгелија -Демир Капија и го уапсила возачот С.А. (25) од скопското село Студеничани. Дванаесет мигранти се од Авганистан, а двајца од Сирија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, бил лишен од слобода С.А.(25) од село Студеничани, скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило, бидејќи при контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 лица-мигранти.

- Advertising -

-С.А. и мигрантите се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка, се наведува во Билтенот на МВР.

Поврзани новости