Пронајден мртов скопјанец во возило на обиколница

by fokus

Скопјанец на возраст од 71 година е пронајден мртов во паркирано возило на скопската обиколница, помеѓу селата Орман и Волково, соопшти полицијата.

Возилото било свртено во правец од Скопје кон Тетово. Полицијата го утврдила неговиот идентитет. Се работи за маж со иницијали М.М., а неговото тело било пронајдено вчера во 10.20 часот.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Поврзани новости