677
Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денеска, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија.
Притоа, како што соопшти МВР, при претресот биле затекнати В.Д., Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а биле пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин.
Поради основи за сомневање за сторено кривично дело, лицата се лишени од слобода, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.