Бајден: САД ќе донира уште 500 милиони дози вакцини

by fokus

САД следната година ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини „Фајзер“ на земјите во развој, најави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

-За да ја победиме пандемијата овде, мора да ја победиме насекаде – истакна Бајден на виртуелен самит посветен на Ковид-19 на маргините на Генералното собрание на ОН, ветувајќи „арсенал вакцини“.

Со најавените дополнителни дози, вкупното количество на вакцини кои САД ќе ги донира низ светот ќе надмине една милијарда.

Поврзани новости