Приведена лекарка во Куманово за поткуп

by fokus

Полициски службеници од Куманово извршиле претрес во работните простории на Очно одделение при кумановската Општа болница и патничко моторно возило „опел астра“, по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.

„При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на  лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи.

Инаку, Е.С. се сомничи дека ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница – Куманово.

Според МВР, таа за интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена.

Поврзани новости