782
Вечерва, после 22 часот пронајден е авионот во кој беа фудбалерот Емилијано Сала и неговиот пилот.
Тој е пронајден на дното од морето во близина на Каналските Острови, а шансата тие да се преживеани речиси и да не постои.
Пилотот Дејвид Иботсон и Сала кои исчезнаa, не се пронајдени, па се претпоставува дека се мртви, иако се уште официјално се водат како исчезнати. Семејството и пријателите на Емилијано Сала платија 300.000 евра и благодарение на експерти за потонати бродови, го најдoa авионот.
На 22 јануари Сала потпиша за Кардиф и со авион полета од Нант за Велс. Сепак, никогаш не стигна на Островот.