Променливо облачно со температури до 26 степени, попладне дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне особено во западните и јужните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а максималната од 15 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 25 степени.

Поврзани новости