Променливо облачно со повремен дожд, а на планините со снег

by Fokus

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд е прогонозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите во планинските делови од земјата ќе бидат од снег, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде ќе има врнежи од повремен дожд кој ќе преминува во снег.

Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од минус 5 до 2 Целзиусови степени, а во текот на денот од 2 до 8 степени.

Во Скопје, по студеното утро во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од нула до 8 степени.

За утре се најавува умерено до значително облачно време. Во југозападните региони ќе има услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Минималната температура утре ќе биде минус 4, а максималната 11 степени.

Поврзани новости