Променливо облачно и посвежо време со повремен дожд

by Fokus

Времето во земјата ќе биде променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи.

На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринските температури се движат од минус 1 до 9, доколку највисоките дневни ќе бидат во интервал меѓу 5 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали. Температурата ќе достигне 15 степени.

Поврзани новости